Парламентот на шпанската покраина Каталонија ќе одржи гласање по предлогот на сепаратистичките партии, кои имаат мнозинство за формирање на “патоказ” кон независност од Шпанија во 2017 година.
Иницијативата наиде на отпор од централната влада на Шпанија, што ја смета за неуставна. Се очекува дебатата пред гласањето да започне во 10.00 часот.
Владата на шпанскиот премиер Мариано Рахој вети дека ќе преземе законски дејства против Каталонскиот парламент, ако предлогот биде одобрен.