Првично објавнео во среда, 21.09.2016
На чие барање се парковите во Карпош беше новинарското прашање за првиот човек на локалната самоуправа кој рече дека во Општина Карпош нема ниту едно исечено дрво , напротив, постојните се сочувани, и се засадени нови, и дека на барање на граѓаните , Општина Карпош гради паркови и плоштади на места кои и пред тоа биле шеталишта.
– Изградивме плоштади на платото кај ,, Педагошка“ и на ,, Млечен Ресторан“. Исто така изградивме прекрасен плоштад ,, Делфина“ во Влае 2, и штотуку го отворивме плоштадот во населеното место Бардовци. Со тоа граѓаните на Општината ќе имаат рекреативни катчиња, и во еден амбиент искомбиниран со зеленило, фонтани и детски игралишта, ќе можат да се релаксираат и да се рекреираат во попладневните и вечерните часови, појасни општинскиот татко Стевчо Јакимовски.
На коментарот за тоа дали се приоритет парковите или канализацијата во Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски, изјави дека во изминативе седум години, Општина Карпош изградила 30 километарска фекална и атмосферска канализациона мрежа, со што Карпош е општина која има изградено фекална канализација повеќе од сите други девет скопски општини заедно.
– Реконструирани се сите четири градинки во Општина Карпош, градинката ,, Орце Николов“ во Карпош 4 и Карпош 3, објавен е тендер за реконструкција на градинката во Тафталиџе 1, и веќе е распишан тендерот за изградба на нова градинка во населбата Бардовци, со што најмалите карпошани, ќе ги имаат сите инфраструктурни предуслови, со кои ќе може уште од најмала возраст да се едуцираат и воспитуваат, изјави Јакимовски.