Паркот Хитачи во Хитачинака, Јапонија е дефинитивно најцветниот парк што сте го виделе покрај море или океан. Оригиналното име е Hitachi Seaside Park и е вистинско задоволство за вашите очи. Најдобро од сѐ е тоа што неговите полиња секогаш се исполнети со цвеќиња – без разлика дали е пролет, лето, есен или зима.
На пролет мириса на лалиња и нарциси, а во лето на рози. Убавините на овој парк може да ги обиколите со велосипед, а влезот се наплаќа 4 долари.