Налетавме на една стара ТВ репортажа за едно чиче по име Јуџин Брејнарт од Liedekerke, Белгија. Јуџин, тогаш 87-годишен, покажува како ја паркира својата Фиат Панда во својата супертесна гаража.
Пандата е широка 1 метар и 49 сантиметри. Гаражата е широка 1 метар и 55 сантиметри. Што значи дека Јуџин има простор за маневрирање од само 3 сантиметри од двете страни. Тешко за паркирање, ама сепак изводливо, нели? Но, како влегува и излегува од колата? Е тоа е уметноста.