Парк заминува во Квинс Парк Ренџерс

Парк Џи Сунг е на добар пат да го напушти Манчестер Јунајтед и да се пресели во редовите на Квинс Парк Ренџерс откако беа договорени сите детали од трансферот на корејскиот репрезентативец.

Алекс Фергусон ја прифати понудата од само два милиона фунти за Кореецот, но таа би можела да се зголеми на пет милиони, во зависност од настапите на Парк за неговиот нов клуб. Овој фудбалер и онака не беше стандарден член на тимот на Манчестер Јунајтед, па Ферги реши да даде зелено светло за неговиот трансфер, за да не ризикува следното лето да го загуби без никаква оштета.

Парк Џи Сунг е член на Манчестер Јунајтед од 2005 година, кога пристигна од редовите на ПСВ Ајндховен за сума од четири милиона фунти. Тој има одиграно вкупно 133 натпревари за „Црвените ѓаволи“ во Премиер лигата, при тоа постигнувајќи 19 погодоци, закитувајќи се со четири титули во Премиер лигата и еден трофеј во Лигата на шампионите.

- Реклама -