Париз и неговите надимаци!

Во времето на просветителството бил центар на културата, едукацијата и филозофијата, па затоа се смета за просветителски град.

Уште една причина поради која Париз е град на светлината е тоа што е првиот град во Европа кој направил раширена мрежа на улично осветлување и со тоа им го осветлил патот на граѓаните и туристите.

Deg1vJLB5U

Во поново време, новиот надимак на Париз е „Град на љубовта“. Поради фактот што најголемиот град во Франција секојдневно го посетуваат стотици илјади туристи дневно, помеѓу кои голем број се и заљубените парови, овој град добива уште еден, и тоа како втемелен надимак. Покрај тоа, во Париз се наоѓа и прочуениот мост на уметноста (Pont des Arts) на кој парови од целиот свет, со цел да ја овековечат нивната љубов, врзуваат катанци на кои се напишани нивните имиња, а клучот го фрлаат во познатата Сена.

Прочитајте и:  „Фигаро“ ја повлече веста дека Франција и Велика Британија и дозволиле на Украина да нападне длабоко на територијата на Русија

pont-des-arts

Па така, поради огромната популарност која ја носи Париз, многу градови ширум светот самите себи си си даваат надимаци поврзани со овој град. На пример: Каиро – Париз на Нил, Бејрут – Париз на Блискиот Исток, Буенос Аирес – Париз на Американците.

champs-elysees

- Реклама -