Парите од концертот на финалистите од X factor, ќе одат за настраданите од поплавите

Иако големиот концерт на ѕвездите од X factor, беше најавен за 7 јуни, истиот денеска стана многу посуштински.

Неговиот хуман карактер, се однесува на тоа што приходите кои ќе бидат собрани ќе бидат донирани кај жртвите од големите поплави кои ги нападнаа Србија и Босна.

Како ѕвезди на концертот се најавени:  Даниел Кајмакоски, Тамара Милановиќ, Маид Хечимовиќ, Доктори, Лукијан Ивановиќ, Харис Чато, Александра Брковиќ, Александра Секулиќ, Алекса Перовиќ, H2O, Маја Новаковиќ и 4U.

Цената на влезниците е: 350 партер, 400 трибина и 700 фан пит.

presshfaktor3

- Реклама -