Кога е измислено селфито? Според твитот на Парис Хилтон и Бритни Спирс од 19 ноември 2017, го измислиле они две пред 11 години. Значи, во 2006-та.
11 years ago today, Me & Britney invented the selfie! pic.twitter.com/1byOU5Gp8J
— Paris Hilton (@ParisHilton) November 19, 2017
Ќе беше пригодно, додуша, Парис Хилтон стварно да беше изумителот на еден од најнарцисистичките трендови на 21-т век. Ама не е. Не е ни Бритни. А Твитер уште еднаш покажа дека има и добра страна, па јасно им го стави тоа до знаење.