Познатиот дизајнер Оскар де ла Рента е создавачот на најновиот парфем кој е наменет за дамите специјално за денот на ванчавката.
Во неговите креации кон олтарот зачекорија актерката Кетрин Хегел, ќерката на Џорџ Буш – Џена Буш и многу други селебрити личности.
Парфемот Something Blue, кој е трето дело на дизајнерот, е инспириран од стариот англиски обичај според кој на денот на свадбата невестата треба да носи „нешто ново, нешто старо, нешто позајмено и нешто сино“ (something old and something new, something borrowed and something blue).
Станува збор за арома која во себе носи ноти од липов цвет, мандарина и цвет од
стефанотис кој е специјално одгледуван во градините Пунта Кана. Во многу држави од овој цвет се прават традиционалните невестински букети.
Шишенцето е украсено со капаче во сина боја на кое има сребрен прстен како симбол на бракот.
Дизајнерот напоменува дека девојките парфемот може да го користат и во секојдневниот живот доколку сакаат да се почувствуваат како невести.