Пред пет години Клер Ломас доживеала несреќа по која останала парализирана од градите надолу. Тие пет години таа ги поминала во количка сè до Јануари кога повторно проодела благодарејќи на бионички костум од 75.000 долари.
Таа изјавила: „Неверојатно е по пет години поминати во седење повторно да одам. Костумот ја носи целата тежина и јас можам да одам.“ Со секој чекор костумот создава звуци кои потсетуваат на роботи. ReWalk заедно со две патерици ја носат нејзината тежина и костумот чувствува кога таа сака да оди и ја поместува нејзината тежина. Но не е лесно, на почетокот таа можела да направи само 30 чекори дневно.
Секое движење било напор и бидејќи не чувствувала каде гази постојано се плашела дека ќе падне. Сепак таа не се откажала и си поставиал цел, 55.000 чекори – 42,16 километри. Таа решила да го трча лондонскиот маратон. Таа стартувала пред 16 дена со 35.000 други натпреварувачи и завршила во понеделникот бодрена од илјадници обожаватели кои се собрале да ја подржуваат.
„Ова е момент на кој ќе се сеќавам додека сум жива“ рекла таа за BBC по поминувањето на целта. „Подршката беше… не очекував нешто вакво. Не можев да поверувам кога видов колку луѓе се собрале утрово а јас си мислев дека е само обичен ден во Лондон. Некој ми кажа дека сите се овде заради мене, јас не можев да поверувам.“ [Paralyzed woman finishes London Marathon]