Марк Оливер Еверет е рок ѕвезда со интригантна и трагична животна приказна. Неговиот татко е квантниот физичар Хју Еверет кој се занимавал со теоријата за паралелните светови. Досега Марк се справуваше со смртта на неговите најблиски истурајќи ги емоциите во песни, а сега го следи животниот пат на неговиот татко во документарен филм.
Марк Оливер Еверет е рок ѕвезда со интригантна и трагична животна приказна. Неговиот татко е квантниот физичар Хју Еверет кој се занимавал со теоријата за паралелните светови. Досега Марк се справуваше со смртта на неговите најблиски истурајќи ги емоциите во песни, а сега го следи животниот пат на неговиот татко во документарен филм.
Марк, познат и како Е од бендот Eels, растел во предградие на Вирџинија заедно со неговата сестра, депресивната мајка и ексцентричниот татко. Таткото на Марк, Хју Еверет, научник кој ја истражувал можноста за паралелни светови починал од срцев удар кога Марк имал 19 години. Подоцна сестра му која боледувала од шизофренија се самоубила оставајќи последна порака дека оди да се сретне со татко и во некој паралелен универзум. Марк ја преживува и смртта на мајка му која ја губи битката со ракот, а мора да се соочи и со уште една трагедија, неговата братучетка Џенифер починала во терористичкиот напад на кулите близначки во САД – таа била стујардеса на кобниот лет 77.
{youtube}HZACwCFsjlU{/youtube}
Тажната приказна е раскажана со многу хумор, а не мора да бидете фан на Eels, ниту пак воопшто да знаете кој е Марк за да ви се допадне. Раскажувајќи за лошите нешта, неговата лична приказна ве потсетува на добрите работи во животот и од прва рака ве учи како да се борите со силните удари на судбината. Ова не е обична автобиографија на еден музичар, Things the Grandchildren Should Know е приказна за животот, смртта, надминување на трагедијата и развивање на креативната визија.
Во своите мемоари Марк пишува: „Кога бев мал, ми беше тешко да сфатам дека предметите немаат чувства и мисли. Се сеќабам дека бев на работ да заплачам, стоејќи во бањата, додека мајка ми се обидуваше да ми објасни дека шкафчето нема да го боли ако вратичката ја бутнам премногу силно. Тоа шкафче го сметав за едно од моите другарчиња. Можеби бев збунет бидејќи татко ми го доживував како дел од мебелот.“
Со оглед на тоа дека Хју Еверет никогаш не го добил признанието што како научник го заслужува, во новиот документарен филм снимен за BBC4, Марк ги следи животните чекори на својот татко сретнувајќи се со неговите пријатели и колеги, и правејќи експерименти според идеите на Хју.
Погледнете за што стануава збор во документарецот Паралелни светови, паралелни животи и два одлични спота на Eels
{youtube}AGzonNfpRw4{/youtube}
Last stop: This town
{youtube}vjlCETNXuAw{/youtube}
Saturday Morning
{youtube}ftGUEH63TeI{/youtube}