Пар-непар во Делхи

Индиските власти воведоа различни мерки во Делхи за борба против загадувањето на воздухот и смог во градот, соопшти Hindustan Times. Една од нив го ограничува движењето на автомобилите во метрополата.

DV812965

Автомобилите со непарни регистарски таблички ќе можат да возат по патиштата во понеделник, среда и петок, а овие со парни – во вторник, четврток и сабота. Властите не дадоа информации какви ќе се ограничувањата за неделниот ден. Оваа мерка ќе стапи во сила од 1 јануари следната година. Властите најавија дека ако одлуката не се покаже ефектна, таа ќе биде поништена.

Делхи ќе стане првиот индиски град кој презел слични чекори. За време на летните олимписки игри во 2008 година во Пекинг, исто така воведоа слични активности. Делхи е еден од најзагадените градови во светот. Ќе се покаже ли ефикасно ова решение?

Прочитајте и:  Рекордна загаденост на воздухот во Њу Делхи - 60 пати над максималниот праг

Автоплус

- Реклама -