Папата Френцис објасни зошто се откажува од блиндираниот „Папамобил“

Во едно скорешно интервју, Папата Френцис објасни зошто не сака да се вози во блиндиран автомобил, како што правеа неговите претходници.

Блиндираниот „Папамобил“ за прв пат беше претставен по обидот за атентат врз папата Јован Павле Втори во 1981-та, а исто така фаворизиран и од Бенедикт XVI-ти. Сепак, Папата Френцис, или како што некои го нарекуваат „Кул Папа“ не сака да се заморува со такви бесмислености. За шпанскиот весник La Vanguardia, тој рече:

„Се сеќавам дека во Бразил, ми набавија блиндиран Папамобил, ама јас не можам да им отпоздравувам на луѓето и да им кажам дека ги сакам кога се наоѓам во конзерва за сардини, дури и ако е направена од стакло. За мене, тоа е ѕид“.

Popemobile_no_glass[1]

Помалку опуштените официјални лица на Ватикан не се најсреќни со неговите одлуки и постојано предупредуваа на опасност по безбедноста на Папата за време на неговите посети на Јордан, Ерусалим и Витлеем, како и при посетата на Рио Де Жанеиро, кога Папата отпоздравуваше од бел кабриолет џип долж плажата Копакабана.

Сепак, Папата, се чини, многу добро знае што прави. „Точно е дека нешто може да ми се случи, но, да бидеме реални, на моја возраст, немам баш многу што да изгубам. Знам што може да се случи, но тоа е во рацете на Бог“, рече тој во продолжение на интервјуто.

Pope Francis

- Реклама -