Синоќа за време на службата пред Божиќ, папата Франциско ги повика христијаните во светот да се стремат кон скромност и милосрдие.
“Во свет кој премногу често е суров со грешникот и мек со гревот, треба да воспоставиме силно чувство за правда “, рече папата во кратката проповед пред илјадниците верници во базиликата” Свети Петар “во Рим.”
Во општество кое често е опседнато од потрошувачката и задоволствата, изобилството и луксузот, привидноста и нарцисзмот, Господ не повикува кон скромност, што значи кон едноставност, спокојство, конзистентност, способност да го гледаме и живееме она што е важно “, изјави уште папата.
Поглаварот на Римокатоличката црква ја осуди “културата на рамнодушност, која често преминува во безмилостност”. Појавата на Христос, “нашиот спасител роден во штала”, треба да стави крај на “секој страв и ужас”, заврши папата.