„Канал 5“ дошол до ексклузивна снимка од разговорот меѓу пилотите на Папата и контролата на летање во Скопје. Како што се слуша на снимката од комуникацијата, остварена на враќање на Папата Франциск кон Рим, пилотите пренеле директна порака од Папата до сега експретседателот – Ѓорге Иванов.
Во пораката, Папата Франциск изразува голема благодарност за гостопримството и љубезноста до сите во земјата и порачува дека ќе се моли за мир и радост за целата нација. Снимката можете да ја чуете на ЛИНКОВ.