Папарацо-фотограф за влакно не се судрил со Ким Кардашијан

Познатата реалити ѕвезда, Ким Кардашијан, е една од најбараните личности во светот на познатите, а се чини дека овој пат папараци-фотографите ја преминале границата.

Имено, во брканица со бремената Ким, папараците „за влакно“ не се удриле во нејзиниот автомобил. Видно потресената старлета веднаш ја споделила случката со нејзините фанови на Твитер.

582972268519218df613b7339321746_w640

„Еден папараци речиси што не удри во мојата кола денес! Се уште се тресам! Ме стави во таква опасност! Кога ќе се стави крај на ова легално следење?“

Инаку, неодамна Ким изјави како со ближењето на денот кога треба да се породи се повеќе ја фаќа нервоза и трема.

„Ги бројам деновите додека да станам мајка, но сум по малку нервозна и анксиозна, а истовремено и возбудена, бидејќи знам дека учев од најдобрите“, заклучила таа.

- Реклама -