Инспирирани од младата интернет генерација која реши да го оправи општеството почнувајќи од најважното, генерацијата која се навредува од обични зборови како „маж“ и “жена“, а која смета дека најдобриот начин да се спречи дискриминацијата и не дај боже стереотипите и погрешните претстави – е да ги избришеме сите реални разлики и да бидеме потполно исти (во својата уникатност); дизајнерите на SNL создадоа панталони што немаат пол, немаат големина, и имаат боја што е мешавина од сите бои, без ниту една да доминира.
Со други зборови, тоа ќе бидат панталони што го отсликуваат новото утописко општество во кое ќе тече мед и млеко, што пак ќе биде директен резултат на тоа што никој нема да ти лепи такви незгодни придавки како „висок“, „русокос“, „убава“ и слично – бидејќи хеј, тоа не си ти, тоа е само твоето тело. Во тоа ново општество, во кое наместо имиња ќе имаме бројки или рандом ознаки (јузернејм-ови), сите ќе носиме панталони „Woke“ (од „разбуден“, „освестен“) и сите ќе мораме да откопчуваме шлиц кога мочаме… Бидејќи тоа е суштината на еднаквоста, нели?
За среќа, во моментов „Woke“ се само заебанција на SNL (комично шоу, за тие што не знаат). Еве го и скечот во кој ги исмеваат разните тривијални сензитивности на новите генерации, со Рајан Гослинг во главна улога.