Панкерската црна кожна јакна и должноста да навредува

Marlon-Brando-The-Wild-One-Clothes-Outside[1]

Моментот кога Марлон Брандо се појави на мотор во „The Wild One“ е еден од клучните за популаризирање на црната кожна јакна како моден симбол на бунтовништво. Кожните јакни беа носени од моторџиите пред сé за заштита, но брзо беа „посвоени“ од рок музичарите (Еди Кохран, Џин Винсент, Битлси, Елвис…) како симбол на нивното аутсајдерство во општеството.

Модата се смени во 1960-тите – се преориентира кон мек тексас и психоделични бои, но црната кожна јакна никогаш не го изгуби иконскиот статус на  бунтовност, радикалност и субверзивност. Црните јакни на револуционерните студенти во Париз 1968-та станаа модна униформа на хаотичниот Бадер-Мајнхоф, за потоа да се вратат на своите духовни корени во форма на препознатливата облека на прото-панк рокерите The Ramones.

The-Ramones[1]Џои, Џони, Ди Ди и Томи ја поставија црната кожна јакна како задолжителен атуфит за панкерите и наскоро ја претворија во најнова мода, парче што почна да се продава под капата на некои од најпознатите британски модни креатори, во некои од најелитните лондонски модни бутици.

Тинејџерите ширум Велика Британија купуваа евтина црна кожа или јакни од вештачка кожа и ги декорираа со имињата од омилените бендови, со политички слогани или мини декларации, испишани со коректор, боја или лак за нокти. Се јави и наива во „направи сам“ акцесоарите – кои, пак, се стремеа кон уникатност, имаа за цел да го доловат карактерот на сопственикот на јакната и пред сé, имаа должност да навредуваат – со тоа изразувајќи ја суштината на панкот.

1-225 2-204 3-203 4-196 5-187 6-179 7-168 8-158 9-146 10-129 11-117 12-105 13-96 14-87 15-77 16-68

- Реклама -