Фејсбук статус на Александар Пандов
„Катице те мислам, поточно ден ноќ не ми излегуваш од глава. Сон не ме фаќа, се секирам. Сигурно и ти си насекрана 😢. Те молам не се секирај, сè ќе биде во ред. Што не поминало, па и ова ќе помине. Седнат дома замислен, под голем стрес и силна напнатост пред утрешниот ден, се потсетив на август 1990 година.
Не знам Кате ти дали знаеш, ама секој што служел војска знае дека меѓу првите работи како гуштер што си набавуваш е календарче, по можност со гoлa девojка од опачината. Едно од најсмирувачките моменти во текот на секој поминат божји ден ти е моментот кога седнуваш и со пенкалце го шкрташ изминатиот ден. И така од ден во ден остануваат сè помалку датуми на календарот, плавата боја од пенкалото е сè подоминантна над белата која е на сè помал дел од календарчето. Кога ќе паднеш под 100 веќе си ‘џомба’ па кога шеташ низ војничкиот двор останатите војници ги отпоздравуваш со ‘цифра’ (денови до скидање). Последните се со префиксот нула нула плус бројката, сè до денот како што ти е тебе денешниот, нула нула НОЌ. Те фаќа грч, нервоза, триста мисли ти се вртат низ глава, ме чека ли девојка ми, абе што сè не! Со еден збор, пpoлив ситуација 💩.
Сакам да ти кажам, те разбирам. До душа тогаш јас се ‘скидав’ од војска, а ти влагаш унутра, но верувај ми ‘мање више’ филингот е ист. Јас Катице сега имам многу мој браќа кој се внатре, па искомуницирав да им кажам дека им доаѓаш како цимерка. Искрено да ти кажам немаш претстава сите колку многу се израдуваа, те поздравија и како навиени ми го повторија истото, нека не се секира, сè ќе биде во ред.
Уште ова на крај да те потсетам да си спремиш за утре торбичка со пижамки, папучки, четкичка за заби и паста, тампони …“, пишува Пандов.