„Пандемијата ја забрза дигитализацијата на образованието, македонските ученици не смее да заостануваат зад своите врсници“

Пандемијата на КОВИД-19 минатата година ги натера образовните институции низ светот да наоѓаат начини за спроведување на настава и учење на далечина со што се развија голем број на дигитални алатки. Тоа само го забрза процесот на дигитализација на образованието, насекаде низ светот, и е процес кој и македонските ученици мора да го следат за не заостануваат зад своите врсници, велат од  Министерството за образование и наука.

И во соседството, српската премиерка Ана Брнабиќ најави целосна дигитализација на образованието и изработка на дигитални учебници. Таа посочи дека повеќето ученици знаат да користат дигитални уреди, па дигиталните учебници ќе ги мотивираат децата тие уреди да ги користат и за учење.

Белград, пак, веќе започна со набавка на таблети за учениците од прво до четврто одделение, на кои ќе бидат интегрирани дигиталните учебници. Се очекува истите да започнат да се користат веќе од 1 септември.

Во државава, новата учебна година во септември со дигитални учебници ќе ја започнат само учениците од четврто одделение.

„Учениците на таа возраст имаат потреба од современи алатки, кои за период од 20 години ќе им бидат потребни за да можат да се справуваат со предизвиците со кои тогаш ќе живеат“, истакна министерката за образование Мила Царовска. Беспредметно е да се делиме „за“ и „против дигитализација“ во време кога целиот свет се дигитализира, порачува таа.

- Реклама -