После инвазијата од бувови, последен новитет кој се наметна како задолжителен дел од вашата колекција аксесоари се симпатичните панделки. Не, нема никаква потреба да се претворите во Лејди Гага за да би ги вметнале овие слатки додатоци како модни детали кои ќе го збогатат вашиот изглед.
Имено, во последните неколку месеци, иако постепено но со се поголем и поголем замав, панделките започнаа да се наметнуваат како нов тренд кој е лесно прилагодлив на сечиј имиџ. Без разлика дали станува збор за накит, додаток за коса или дел од парчињата гардероба, тие се се повеќе присутни.
Доколку се уште немате идеја за тоа како и вие да ги искомбинирате панделките во секојдневниот изглед, ние ви нудиме неколку предлози.