Панцероти со ајвар

Ако сакате панцеротите да ги направите уште повкусни, додајте ајвар во нив.

Состојки

За тесто

1 чаша јогурт
1 чаша зејтин
1 чаша млеко
1 кесичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
1/2 коцка квасец
800гр брашно

За фил

200г шунка
100гр кашкавал
100гр сирење
6 кисели краставички
200гр ајвар
За премачкување
1 јајце
сусам
ким

Подготовка

Растопете го квасецот во млако млеко, додајте малку шеќер и брашно и оставете да нарасне. Во друг сад ставете брашно, направете дупка во средината, па во неа ставете јогурт, зејтин, сол и прашок за пециво. Сипете го квасецот и замесете меко тесто. Оставете да отстои десетина минути и потоа поделете го на 15-20 топчиња.

Секое развлечете го со сукало, премачкајте со ајвар и филувајте со мешавината од сецканите шунка и краставица, изренданиот кашкавал и издробеното сирење. Спојте ги краевите, малку со вилушка притиснете за да не истече филот и редете во плех за печење подмачкан со зејтин.

Панцеротите премачкајте ги со жолчка, наросете сусам и ким по желба и печете.

- Реклама -