Втора награда
Атанас Бајлозов (Emanuel) – Чекорење
Трета награда
Мартинчо Димитриевски (hypertech) – Прегратка
Прво место во категоријата Природа
Александар Георгиев (vrzalec) – Purity
Прво место во категоријата Портрет
Перо Велиновски (oxygene) – X 5 2
Прво место во категоријата Пејзаж
Горан Кузмановски (kuzeto) – Кон белата долина
Прво место во категоријата Репортажа
Игор Георгиевски (gligeo123) – ФОТО 3
Прво место во категоријата Животни
Енкел Дика (buko) – Лебеди
26.09.2007
Почитувани учесници,
Ве известуваме дека жирито во состав од 4 члена, ги избра фаворитите од фотографиите влезени во најтесниот круг. Наградените фотографии ќе ги објавиме на изложбата која ќе се одржи на 1 Октомври 2007 во „Мала Станица“, со почеток од 19 часот. Ги покануваме авторите кои се влезени во изборот на номинирани фотографии, да присуствуваат на објавувањето и доделувањето на награди, бидејќи некои од нив се добитници на вредни награди. Ве очекуваме!
Жири комисија:
Бони Ангелов
Сопственик и администратор на најголемиот фото сајт во Бугарија – Photo-Forum: http://photo-forum.net. (http://photo-forum.net/index.php?TEMPLATE=history)
Два пати сајт на годината во Бугарија. За 4 години oрганизирал 18 конкурси, 20 изложби и 2 пати Lumix Awards во Бугарија. Моментално го организира големиот фото фестивал во Бугарија.
Емилијан Иљоски
Дипломиран инжењер по електроника и телекомуникации роден на 04.09.1958 во Битола. Тој е носител на титулата ФА-1 ФСЈ (фотоаматер прва класа од фото сојузот на Југославија) која ја добил 1986 година. Има учествувано на 53 колективни изложби на уметничка фотографија во Македонија и во светот со повеќе од 30 трудови. Исто така се има претставено на публиката со 4 авторски изложби (Белград (Србија) -1981, Ровинј (Хрватска) -1982), Г. Милановац (Србија) -1985 и Скопје – 1986).
Има освоено повеќе награди од кои најбитни се: Прва награда на “Дани Југословенске Фотографије 1981” – Првак на Југославија во уметничка фотографија за 1981 година, Трета награда во Пардубице (бивша СССР) во 1982, специјална награда на “Minolta Spiegel” (Германија) – 1985 како и повеќе други награди и пофалби на колективни изложби во просторите на бившата Југославија и во светот.
Заедно со колегите од фото клубот “Елема” – Раде Луковиќ и Боро Рудиќ, тој е идеен творец на единствената Македонска меѓународна изложба на фотографии: “Фотомедија”, изложба која на повеќе наврати е рангирана со 5 ѕвезди од меѓународната фотографска федерација – ФИАП.
Ѓорѓи Личовски
Еден од најискусните македонски фоторепортери моментално, кој што имаше среќа да работи во времето на распадот на Југославија и да го слика создавањето на независна Македонија. Вработен во „Нова Македонија“ од 1989-2000, уредник на фотографија od 1998, од каде што заминува во новоформираниот дневен весник „Вест“ како уредник на фотографија(2000-2004). Од „Вест“ преминува во дневниот весник „Вечер“ исто како уредник на фотографија. Од 1992 година започнува да работи како дописник на Европската прес-фото агенција (EPA), каде што работи и денес како staff фотограф специјализиран за спорт (фудбал, кошарка), но не ги одминува и другите големи светски настани надвор од спортот кои оставиле печат во историјата на човештвото.
Александар Ивановски
Завршил на националната академија за театар и филм „Христо Сарафов” во Софија, Бугарија. Моментално работи како фотограф во дневниот весник „Вечер”, економскиот неделник „Капитал”, магазинот „ Life“ како и неколку маркетинг агенции. Добитник на награда во Арлес, Франција 2003 година. Добитник на „Гранд При за фотографија 2005″ во организација на неделникот „Форум“, а награден е и за календарот на „Скопско” од 2006 година како најдобро графичко решение на конкурсот во соседна Србија.