Паметен телефон за 10 долари

Најголемиот светски продавач – американскиот синџир Walmart, продава основен smartphone, погоден за деца и почетници корисници на паметен телефон, по цена од 10 долари.

Уредот го произведува LG и го носи името TracFone, а може да биде купен за 9.82 долари. Тој се одликува со веќе застарена верзија на Android (KitKat), но корисниците ќе имаат пристап до продавницата Google Play, каде да избираат од над 1 милион апликации.

98(5)

Во однос на техничките карактеристики, смартфонот е со 3.8-инчен дисплеј, можност за работа во 3G мрежи и 3-мегапикселна камера. Процесорот му е dual-core со фреквенција од 1.2 GHz, а батеријата е литиум-јонска.

Внатрешната меморија на уредот е 4 GB, а истата може да се прошири преку мемориска картичка.

- Реклама -