Паметен телефон кој се грижи за вашето здравје – Samsung Galaxy S5 Sport

Запознајте го новиот смартфон на Samsung Galaxy S5 Sport кој се прилагодува на новиот начин на живеење и нуди одлични фитнес опции.

Бидејќи веќе ги имаме објавено спецификациите на Galaxy S5, овој пат ќе се задржиме само на интересните активности кој ги нуди новиот Sport Galaxy.

Новиот смартфон претставува одлична комбинација на апликации кои се грижат за спортските навики. Тука се вбројуваат S Health app, MapMyFitness и новата Sprint апликација Fit Live. Покрај ова телефонот располага и со апликации кои нудат компас и стоперка, како нужни алатки за спортување во природа. S5 Sport вклучува 12 месечна претплата на MapMyFitness MVP и шест месеци бесплатно користење на Spotify Premium.

Screenshot_2014-08-28-13-35-54-520x482

Со своите специфични опции и апликации овој Samsung Galaxy S5 Sport е уште еден паметен телефон кој се движи во насока на модерниот начин на живеење.

Мерење на дестинации, користење на мапа, броење на потрошените калории и споделување на овие информации со пријателите докажано ја поттикнува желбата за спорт кај луѓето. Ова е една од причините зошто овие смартфони со современи техники се едни од најпосакуваните.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -