Утрово во раните часови, од страна на стотина палестинци со молотови коктели беше запалена трета светиња по значење за Евреите, „Гробницата на Јосиф од Наблус“.
Гробницата се наоѓа во Наблус кој е сместен на северниот дел на Западниот брег и е близу до бегалскиот камп Балат.
„Во раните утрински часови Палестинците ја запалија гробницата на Јосиф, овој акт ја загрозува слободата на вероисповест, како и практикувањето на верските обреди“, изјави Петер Лернер, портпаролот на израелската полиција.
Во пожарот нема повредени.