Во Општина Градац во Хрватска нудат по 1000 евра на секој човек кој ќе се врати од странство во родното место.
Со оваа мерка локалните власти им пркосат на Германија и Ирска, земји каде се иселија многу Хрвати.
Градоначалникот Матко Буриќ објаснува дека целта им е да ги вратат младите, за што имаат интерни податоци кои покажуваат дека има големо иселување.
Еднократна помош ќе следува за оние кои ќе се вратат во Градац, ќе склучат договор со општината, ќе добијат дел од парите, а по една година престој ќе ја добијат и втората половина од парите. Сепак, тука нема да бидат опфатени луѓето кои се на сезонска работа во БиХ или Словенија на пример.
Оваа одлука се смета за многу иновативна.
(Пакуј куферите и враќај се… 1000 еура е пара….)