Пак се активирал пожарот кај охридското село Косел

Пожарот во Косел повторно се реактивираше, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој утрово посочи дека пожарот на таа локација е под контрола и дека гори само во еден дел, но поради силниот ветер, како што вели, пожарот избегал од контрола и покрај тоа што 100 лица работат на гаснење на пожарот.

ФОТО: Ohridnews.com

„Повторно се јавува проблем со пожарот во селото Косел, Охридско, поради јакиот ветер истиот и покрај тоа што имаат 100 гасначи распоредени на просторот им избегал од контрола и повторно се реактивира“,

соопшти директорот на ЦУК.

- Реклама -