„Човекот во црно“ е овековечен на многу начини, но овој е нов: научниците открија нов вид на црни пајаци и ги именуваа по него – Aphonopelma johnnycashi (Афонопелма Џоникеши).
Новиот вид тарантула е откриена како талка во пустината на подножјето на планинскиот венец Сиера Невада. Што има врска со Џони Кеш? Тоа е истиот регион каде што се наоѓа затворот Folsom Prison, кој Кеш го опеа во познатата „Folsom Prison Blues“, а во кој подоцна и настапуваше.
Ваквиот настан е реткост – неоткриен пајак да шета на слобода – сите други „неоткриени“ видови пајаци се сместени некаде кај некој научник во тегла и само чекаат истражувачите да стигнат до нив и да ги класифицираат. А кога веќе научниците утврдиле дека Џоникеши е уникатен примерок, именувањето било лесно:
„Тоа е совршеното име“, објаснува др. Крис Хамилтон за БиБиСи. Му одговара на пајакот – најден е во близина на Фолсом, а мажјаците се предоминантно црни, па му одговара на имиџот. Имам Џони Кеш тетоважа, па сум многу среќен што испадна вака.
Џони Кеш не е единствениот што има пајак-имењак. Меѓу таквите ѕвезди се и Боно, Стивен Колберт, Анџелина Џоли и Барак Обама.