Прв трејлер за Pain and Gain

Реномираниот режисер Мајкл Беј ја сними новата акциона комедија Pain and Gain, со Марк Валберг, Двејн Џонсон и Ентони Меки. Филмот е базиран на неверојатна вистинска приказна за три лични тренери од деведесетите години на минатиот век во Мајами. Тие се во потрага по американскиот сон, но се фатени во злосторнички потфат што завршува многу лошо. Во Pain and Gain, исто така, ќе ги видиме и Ед Харис, Тони Шалхуб, Роб Кордри и Бар Пали.

Според содржините од трејлерот, филмот ветува спој од хаотична акција и добар хумор, а неговата премиера во светските киносали е закажана за почетокот на мај, 2013 година.

- Реклама -