Венецуела е позната по своите убавици и натпревари по убавина, а веќе има „произведено“ 5 Мис Универзум, 5 Мис на Светот, па и актуелната Мис Венецуела успеа да стигне до изборот за Мис Универзум.
На што се должи успешноста на венецуелските девојки? Што се случува зад камерите и фотоапаратите? Би-Би-Си објави репортажа, насловена како „Тајните на Јужна Америка: Екстремни Убавици“, во која се обидува да одговори на овие прашања.
За издвојување е случајот на Првата придружничка на Мис Венецуела 2013, Wi May Nava, која ги опишува разните козметички операции на кога била подложена за да добие шанса да учествува на изборот. Најстрашното, на јазикот има зашиена пластична мрежа, за да ја спречи да јаде цврста храна, а со тоа и да качи некој вишок грам. Концептот е едноставен, јазикот толку ја боли, што не смее ни да помисли да допре нешто на него, а пак за бакнување не станува ни збор. Накратко, брутално е колку што звучи.
Втор хај-лајт е оној околу Осмел Соуза, претседателот на Изборот за Мис на Венецуела, кој паралелно е домаќин и на реално шоу во кое девојки се натпреваруваат за да добијат учество на изборот. Соуза е супер-брутален кон учесничките, фокусирајќи се дури и на најмалите „маани“, а неговата суровост оди дотаму што критикувал девојка што се онесвестила од глад. „Ако се онесвестиш како Мис, стани како Мис“, рекол судијата, кој слободно можеме да го сметаме за олицетворение на сите заткулисни игри во процесот на производство на убавици, особено во Јужна Америка.