Паднати наочари ги сликале како да се уметничко дело

Еден седумнаесетгодишник успеа да насамари неколку посетители на Музејот за модерни уметности во Сан Франциско со многу проста финта. Оставил пар очила на подот на галеријата, а посетителиве мислеле дека се работи за постмодернистичко дело – дел од музејската постава.

Луѓево така и реагирале, третирајќи ги очилата како експонат. Застанувале, ги набљудувале, ги фотографирале, а тоа – обични наочари.

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство
- Реклама -