Паднати дрвја, соларни системи и откорнати пластеници – невреме го погоди Валандовскиот и Струмичкиот регион

„Настанатите штети ќе можат да се пријават од утре во архивата на општина Валандово. Да бидеме внимателни, смирени и солидарни“, напиша градоначалникот на Валандово на неговиот фејсбук-профил

Силен ветер со дожд и град кој попладнево го зафати Струмичкиот и Валндовскиот регион искорна и исркши дрвја, однесе покриви и откорна пластеници на земјоделските насади, но урна и неколку соларни системи. Заради паднато дрво на регионалниот сообраќај бил во прекин околу два часа.

Градоначалникот на Валансово Перо Костадинов на неговиот фејбук-профил информира дека по невремето кое се случи во тој регион на терен се општинските служби, ТППЕ и екипи на ЈП „Комунален сервис“.

„Настанатите штети ќе можат да се пријават од утре во архивата на општина Валандово. Да бидеме внимателни, смирени и солидарни“,

напиша Костадинов.

Струмичките пожарникари вечерва со едно противпоѓжарно возило и тројца пожарникари интервенирале на отстранување на паднато дрво на патниот оравец Муртино-Банско.

„Поради невремето и силниот ветер ги замолуваме граѓаните кои се движаат со своите автомобили на крајно внимателно управување на истите. Доколу ве зафати силно невреме отстранете се од сообраќајот и паркирајте се на првото безбедно место“,

велат од пожарната во Струмица.

Оттаму апелираат во случај на појава на силно невреме граѓаните да бидат крајно внимателни, односно во случај на појава на силни и чести електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

„Во случај на пожар или друга елементарна непогода, јавете се на бесплатниот телефонски број 112/193“,

се вели во соопштението.

Иако невремето во Скопскиот Регион се стиши, грмежи и дожд продолжија во Струмичко, Битолско, Гевгелиско и низ други делови низ државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), од каде што посочуваат дека благодарение на медиумите, жителите на другите места низ земјата презеле превентивни мерки да го заштитат имотот, како и да се засолнат за време на невремето.

- Реклама -