Во 2010 година невронаучници потврдија дека е можно да се комуницира со пациент во вегетитивна состојба со помош на fMRI скенер.
Иако беше ограничен, овој развој значеше дека во иднина би биле возможни и подлабоки разговори со пациенти во кома. А сега по само две години бил одржан и првиот разговор. Пациент во вегетивна состојба од канада ги употребил своите мисли за да им каже на научниците дека не чувствува болка, со што станал првиот пациент во ваква состојба кој пренел информација релевнантна за нивната грижа.
Скот Рутли пред 12 години имал сообраќајна несреќа и одтогаш е во вегетивна состојба. Претходните медицински проценки наведувале кон заклучок дека тој нема никаква свест и не е способен за спонтани движења или комуникација. Но со fMRI скеновите било откриено дека докторите не треба да брзаат со своите проценки.
Напредокот во комуникација бил постигнат од Едријан Овен и неговите од Brain and Mind Institute од Western University. За BBC, Овен изјавил: „Скот ни покажа дека е свесен и дека размислува. Го скениравме неколку пати и неговата мозочна активност покажува дека ги одбира одговорите на нашите прашања. Веруваме дека тој знае кој е и каде се наоѓа.“
За во иднина Овен се надева дека докторите ќе можат да ја користат оваа техника за добивање значајни информации од своите пациенти. „Во иднина ќе можеме да ги прашуваме пациентите што им е потребно за да им се подобри квалитетот на нивниот живот. Едноставни прашања како кој тип на забава сакаат во својата соба.“ [Vegetative state patients can respond to questions]