Познатиот актер Хју Џекмен на својот Инстаграм објавил видео во кое дига тегови од импресивни 180 килограми.
Џекмен моментално го снима филмот „Pan“ кој во кино салите се очекува во јули 2015 година. Филмот е базиран на детскиот роман „Petar Pan“.
За да се прилагоди за улогата во филмот, во кој го глуми Црнобрадиот пират, Џекмен целосно го промени својот имиџ. Освен што напорно вежба, ја избричи главата и пушти мустаќи и брада.