По објавата со интересниот препев на Гарванот од Кирил Мокров, објавуваме уште еден од истиот автор.
Озимандија на скопски сленг
Перси Биш Шели
Од провинција еден брч ја собрав
Шо рече:-Сјебани камени нозе две
У пустиња стојат. И ондак као тука одма
Имаш пола фаца у песок све
Со сакинујучи поглед кој дава глас
Дека скулпторот овие ствари
Ги знаел јако, и уше се глеат
Руката шо праи и срцето шо храни
И на споменикот стои рукопис блед:
„Ја сум Озимандија, сум највечи у град:
Запази јакост, ти шо се курчиш и јади бед!“
Друго нишо нема. Од ломот бе брод
Шо е кај споменикот, цел сјебан и сед
Само песок мики фршти нон-стоп.
Хорас Смит
У Египет среде пичковац седи
Нога колкава, немаш ни појма
Пука сенка и јаде гомна:-
„Ја сум Озимандија!“ – каменот вели
„Највечи сум; у градов јак дој ма
„Да видиш колики ми е.“ – а град нема,-
Нишо нема осим ногата огромна
За да покаже кај била целава шема.
И сеа сме као еј – али исто се фаќа
Некој бродец низ дивината штом ќе ака
Каде Лондон бил, дур вуци штека
И најде нешо јако, па да се замисли така
Кои забраени закон фаци овдека
У ломов сјебан живееле некад.
Кирил Мокров
Прочитај повеќе: Гарванот на скопски сленг