Секој нов родител барем еднаш се запрашал „Како да знам дека бебето дише, дури и кога не сум со него?“ Owlet Baby Monitor е совршено решение.
Има монитори кои ни овозможуваат да видиме што се случува во собата на бебето дури и во комплетен мрак и да го чуеме секој звук, но тие не можат да ни кажат дали бебето дише нормално. Потребен бил родител за да се изнајде решение. Тим студенти од Brigham Young University создале бебешки монитор кој се поставува на стапалото на бебето, како обичен чорап.
Овој монитор го набљудува пулсот на бебето и количеството на кислород во крвта, ако бебето престане да дише или ако пулсот ненадејно се промени, мониторот безжично ќе го извести родителот преку апликација за смартфон.
Owlet Baby Monitor е дело на Џејкоб Колвин и неговиот тим. Колвин е татко на две деца кој се надева дека неговиот монитор ќе помогне во намалување на бројот на смртни случаи од Sudden Infant Death Syndrome (SIDS). Мониторот нема да ја спречи причината за SIDS, но може да го предупреди родителот дека нешто не е во ред. „Се надеваме дека ќе им овозможиме на родителите да реагираат кога ќе видат дека нешто не е во ред, пред да биде доцна.“