Кога сакате да фотографирате облаци, но на хоризонтот нема ниту еден, ви нудиме да го побарате најблиското стадо овци.
Овие животинки се толку слатки, меки и корисни што можат да се претворат во интересен елемент кон пејзажните фотографии. Се разбира, овците се убави и сами по себе.
Тие стекнаа репутација на глупави животни поради инстинктот да се движат исклучиво во стада, но всушност, се доста интелигентни. Овците се справуваат речиси толку добро (ако не и повеќе) колку и мајмуните и глодарите во одредени задачи.
Можат да препознаваат лица, имаат долготрајна меморија и учат брзо.
Најубавото нешто поврзано со овците е тоа што кога не можете да заспиете, доволно е да почнете да ги броите и да потонете во фантазијата 🙂