ОВОШЕН СЛАДОЛЕД БЕЗ ШЕЌЕР: Само 2 состојки, а подобар не сте пробале

Потребно е:

1 мала банана
120 гр боровинки

Подготовка:

Исечете ја бананата на прстени и наредете ги во чинија. Оставете ја чинијата во замрзнувач. Замрзнете ги боровинките. По неколку часа во блендер додајте ги бананите и боровинките. Блендирајте додека текстурата не стане кремаста. По потреба додадете малку вода. Истурете во чинии и оставете го сладоледот во замрзнувач најмалку два часа. Добар апетит!

- Реклама -