Овој остров е најздравото место на светот

На јапонскиот остров Окинава живеат најмалку 450 луѓе постари од 100 години.

Се смета дека токму Окинава е најздравото место на светот, каде просечниот животен век кај жените е 86, а кај мажите 78 години. Не само што жителите на островот живеат долго, туку живеат и здрав и среќен живот.

За Окинава ќе чуете многу приказни, а меѓу нив и за 96-годишниот Сеикичи Уехара и кој во својата 10-та деценија од животот порази 30-годишен поранешен првак во бокс, како и таа за 105-годишната Наби Кинџо, која лови и убива отровни змии без никакви проблеми.

На улиците на Окинава ќе видите луѓе од 90-100 години на точаци, или како вежбаат карате, танцуваат, шетаат по неколку километри дневно, па дури и работат на фарми и полиња.

Нивната „тајна“ и не е баш тајна, туку е многу едноставна: внимаваат што јадат и имаат позитивен став кон животот. Концептот за стрес им е целосно туѓ на Јапонците на овој остров.

Старата изрека популарна на тој простор совршено ја отсликува животната филозофија на долговечните жители на Окинава: „На 70 си уште дете, на 80 си млад. А ако ве повикаат од рајот кога ќе имате 90, речете им: Вратете се кога ќе наполнам 100-ка“.

Исхраната на жителите на Окинава секако е вредна за споменување. Главно се темели на ориз, риба и зеленчук.

Сепак, на таквата исхрана, а можеби и на долговечноста на постарата генерација, можеби им се заканува исчезнување. Како и во целиот модерен свет, фаст фуд рестораните го преплавија островот и ги оддалечуваат младите генерации од традиционално здравата исхрана.

- Реклама -