24.006 денари бруто изнесувала просечната плата во декември за вработените во кожарскиот сектор.
Тие се едни од најслабо платените во земјава.
Ова се податоци објавени од Државниот завод за статистика.
26.077 денари е просекот за вработените кои се занимаваат со производство на облека.
23.662 денари бруто земале вработените во секторот заштитни и истражни дејности.
Во секторот услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата просечната бруто заработка била 24.737 денари.
Во земјата платите пораснале. Голем скок е забележан кај примањата на програмерите.
Faktor.mk