Никој не влегува во врска со мислата дека ќе го изневерат или дека тој ќе изневери. Има, сепак неколку ѕвездени знаци кои се повеќе склони да го направат тоа според хороскопот. Во продолжение, ги разоткриваме.
Овен
Тие ги слават своите подвизи и треба да бидете внимателни со нив. Страсни се и секогаш бараат нови искуства. За нив тоа е само спорт и не сметаат дека прават нешто погрешно.
Близнаци
Тие никогаш не планираат да изневерат, но секогаш се наоѓаат во таква ситуација. Здодевноста е главниот мотив и за да бидат секогаш исполнети, треба доста да се потрудите со разновидноста во кревет.
Лав
Лавот е хороскопски знак кој расипува брак, повеќе од сите други. За нив не е од особено значење колку е долга врската и дали е зацврстена со потпис. Секогаш се правдаат со „природни нагони”.
Јарец
Внимавајте со претставниците на овој знак. Тие се доминантни и го сметаат неверството како свое право, а согласно со него не се чувствуваат должни да одговараат за своите постапки. Тие немаат причина да изневеруваат, само им е вродено.
Риби
Рибите изневеруваат премногу лесно и речиси никогаш не жалат за тоа. Не ги возбудува помислата за вечна љубов и партнерот до нив. Доколку нив ги изневерат, рибите не простуваат.