Овие митови во кои цел живот верувавте се тотално погрешни

Знаете дека не треба да верувате во се што ќе слушнете, но некогаш, некои теории се толку многу распространети, што се прифатени како „чиста вистина“. Така, пренесувани од колено на колено, во овие митови е многу веројатно дека ќе веруваат и вашите идни потомци, се додека не дознаат повеќето луѓе дека тие се целосно неточни.

1. Без разлика на тоа што ви велеле родителите, искривувањето на очите нема да предизвика тие да останат такви засекогаш.

cross-eyes

2. Читањето во мрак ќе го отежне вашиот вид во моментот, но нема трајно да го уништи.

3. Грицкањето на моркови како Душко Долгоушко нема да ги направи вашите очи посилни, но во секој случај е здраво.

4. Користиме повеќе од 10% од нашите мозоци. Всушност, користиме се што имаме, само не се одеднаш.

brain-power

5. На голтнатата гума за џвакање не се потребни 7 години за да се свари. Таа минува низ стомакот еднакво како што би поминал некаков тврд предмет (играчка, коцка, паричка…)

6. Не можете да го одредите полот на детето базирано на тоа дали стомакот на трудницата се наоѓа погоре или подолу. Шансите за погодување се 50/50, па затоа и овој податок многумина го сметаат за веродостоен.

7. Студениот туш нема да го потисне вашето либидо. Шокот може да ви го одвлече вниманието за момент, но тоа е се.

8. Жените не се единствени со темпирани биолошки часовници. Иако мажите остануваат плодни цел живот, сепак, квалитетот се намалува со стареењето.

biological-clock

9. Честото кратење нема да направи вашата коса да расте побрзо. Иако понекогаш така изгледа, сепак таа секогаш расте еднакво.

10. Пукањето на прстите нема да ви предизвика артритис.

11. Постојат милион теории за да се ослободите од икањето, но плашењето или погодувањето на имиња кои можеби ве зборат во моментот нема да помогне.

12. Не постои нешто како безопасно сончање. УВА зраците во солариумите се еднакво штетни како и УВБ зраците од сонцето.

tanning-bed

- Реклама -