Конечно е откриено кои мажи најчесто глумат оргазам. Експертите велат дека жените не ни забележуваат кога го прават тоа.
Разведените мажи почесто глумат оргазми отколку ергените имајќи предвид дека одбиваат емоционална интимност. А многу жени, тврдат терапевтите, нема ни да забележат дека мажот ја измамил глумејќи оргазам.
Анкетата на DatingAdvice.com, спроведена на 1 8000 мажи, покажува дека стресот што го предизвикува распаѓањето на бракот може да влијае на сексуалниот нагон. Брачната терапевтка Стефани Манес објаснува за Mail Online дека за многу разведени мажи сексот по разводот не е лесно искуство.
Доктор Венди Валш, пак, тврди дека многу мажи блефираат во спалната соба затоа што едноставно не се во фаза кога може да изразат емоционална интимност.
25 % од испитаните мажи на различни возрасти признале дека глумат оргазам, а се чини дека таквата пракса станува се почеста со годините. Својата партнерка со лажен оргазам ја измамиле два пати повеќе мажи на возраст од 25 до 34 години во однос на оние од 18 до 24.
Коментирајќи ги резултатите, еден маж напишал: „На некои од нас ни е тешко да дојдеме до оргазам затоа што по некое време едноставно знаеме кога нема да се случи тоа. Наместо да и кажеме на партнерката, ние глумиме оргазам“.
Друг, пак, објаснува: „Точно, тоа е убав начин да се заврши сексот. Не можеш едноставно да кажеш: ОК, душо. Мислам дека вечер нема да свршам“.
Многу жени не се ни свесни дека мажот одглумил оргазам. Повеќето жени не го забележуваат недостатокот на течноста. Ако користи кондом, тоа е уште полесно: само треба да го отстрани презервативот.
Секс колумнистката Трејси Кокс тврди дека ејакулацијата не е показател на оргазмот и дека тоа се два различни процеси кои може да се јават самостојно. „Со други зоброви тој може да ејакулира без оргазам или да постигне оргазам без ејакулација (иако за тоа треба голема контрола и многу пракса)“.