Мали роботи со големина на хартија А4 би можеле наскоро да ги подигнуваат сомнителните возила кои се паркирани на несоодветно место.
Машините по име „Avert“ можат тивко и внимателно да подигнат автомобили со тежина и до два тона.
„Autonomous Vehicle Emergency Recovery Tool” (AVERT) системот е многу помал од „пајакот“, но е подеднакво ефикасен.
Системот, кој е проект на грчкиот Универзитет Демокритус, го чинат осум роботи и сите тие работат заедно.
По два роботи фаќаат една гума, а потоа го подигнуваат од земјата и го носат.
„Avert“ роботите функционираат по принципот прво да ја истражат областа околу нив, ја планираат целта и пронаоѓаат начин да ги избегнат препреките кои ќе им се најдат на патот. Роботите се опремени со сензори, дигитална камера и два ласери.