Новата фризура, одењето на високи потпетици и брилијантниот тен се меѓу работите кои што ги тераат жените да се чувствуваат посакувано и секси.
Светло црвениот кармин, совршено мазните нозе и малиот црн фустан исто докажуваат позитивен ефект врз психата на дамите, воспоставува нова студија што истражува што е она што ги тера мажите и жените да се чувствуваат сигурни во себе.
Додека машката самодоверба се крие во пофалбите на работното место, мазната кожа на лицето и новиот костум, и двата пола се согласуваат дека еден убав сончев ден, резервацијата за краток одмор и стекнувањето на нови вештини градат поголемо чувство на самодоверба кај луѓето.
Според резултатите од истражувањето мажите се посамоуверени, кога ќе направат договор за романтична средба со непозната жена, а жените кога ќе добијат покана за таква вечер.
30% од мажите се радуваат кога некој странец ќе им се обрати со почит, на пример со „господине”, а дамите се радуваат кога случаен човек на улица ќе им даде комплимент за тежината.
Според истражувањето една од секои пет дами и 15% од господата се на мислење дека самодовербата доаѓа одвнатре, а не се должи задолжително на финансиски можности и професионални позиции на високо ниво.