Едно од најлошите чувства во светот е да пешачите по долга, прекрасна песочна плажа, и потоа одеднаш да нагазите на нешто остро или меко (грозно). Разни видови на растенија и животни живеат близу океанот, па понекогаш во неговата близина можете да наидете на необични изненадувања.
Така, на пример, локалните жители од местото Ди Вај, кое се наоѓа во близина на Сиднеј, Австралија, биле навистина изненадени од купот необични зелени топчиња кои еден ден едноставно се насобрале на брегот. По кусо истражување се испоставило дека станува збор за редок вид на алги наречени маримо, кои иако изгледаат необично, се целосно безопасни.
Нивниот необичен облик настанува од различни фактори, а најчесто израснуваат на камења. Големината на овој вид на алги може да достигне и до 30 центиметри. Досега вакви примероци се пронајдени уште само во Јапонија, Исланд и Шкотска.
Со оглед на нивната уникатност, мноштво случајни минувачи одлучиле да ги зачуваат овие алги во домашните аквариуми. Иако не изгледа како овие живи суштества да се премногу интересни, сепак, нивниот необичен изглед и лесното одржување (се што им е потребно е вода и сонце), ги прават навистина атрактивни.