Овесната каша во козметичка употреба

Освен што ги чисти нечистотиите, ја смирува и омекнува ирититаната кожа, овесната каша го апсорбира и вишокот масло од косата, ги ублажува изгорениците и помага во борбата против акни.
Овесната каша е богата со фитохемикалии кои ја смируваат иритираната и оштетена кожа. Таа нежно ги чисти нечистотиите и го измазнува лицето па затоа е суштински дел од домашните маски. Освен што дејствува како пилинг, таа е и одличен тоник за кожата затоа што го отстранува вишокот малсо и спречува чешање, пишува Daily Makeover.

Пилинг на кожата

Состојки: 1 лажичка овес, 1 лажичка сок од лимон, 2 лажички јогурт

Подготовка: Измешакте ги сите состојки. Добиената паста со кружни движења втријте ја на своето лице и оставете да делува 10 минути. Потоа исплакнете.

Овесот ќе ги исчисти мртвите клетки од кожата и нечистотијата, сокот од лимон ќе го дезинфицира лицето, а јогуртот ќе ја нахрани кожата.

Нега на рацете

Состојки: 5 лажички овес, 2 лажички мед, 1 лажичка маслиново масло, 1 лажичка млеко

Подготовка: Во блендер ставете ги сите состојки. Измешајте ги состојките и ставете ја маската на рацете. Потоа облечете ракавици и оставете да делува 30 до 60 минути.

Оваа маска е идеална за чувствителна кожа, бидејќи е нежна и ја смирува иритацијата.

Купка за тело

Состојки: ½ чаша овес, етерично масло по ваш избор

Подготовка: Во када со топла вода додајте половина чаша овес и неколку капки етерично масло по желба. Лавандата е добар избор, бидејќи релаксира. Уживајте во бањата 20 до 30 минути.

Овесот има антиоксидантни својства, делува анти-воспалително и ја омекнува кожата. Предноста на оваа купка е во тоа што одговара на секој тип на кожа.

Шампон за суво перење

Освен за кожата, овесната каша е одлична и за косата и делува како природен шампон за суво перење. Доволни се само неколку зрна да ги втриете на главата, а потоа исчешлајте се. Овесот ги апсорбира вишокот маснотии и косата ќе изледа свежо долго време.

Овесна каша за изгореници од сонце

Таа е богата со липиди и протеини кои помагаат на кожата да ја задржи влагата и да спречи нејзино сушење. Поради тоа помага во третманот на изгореници, отстранувајќи го црвенилото и ја ублажува егземата.

Доволно е само овесната каша да се стави 20 минути во ласна вода и да се нанесе на изгорените делови и да се остави да се исуши.

Маска против акни

Состојки: 3/4 чаша овес , вода

Подготовка: Во сад на оган ставете 3/4 шоља овес и една чаша вода и гответе една или две минути. Кога ќе се излади, нанесете ја на лице и оставете да делува 10 до 20 минути.
Овесот нежно ги отстранува нечистотиите од порите и делува смирувачко поради што го прави одличен избор за воспалена и чувствителна кожа.

- Реклама -