Фотографиите што ќе ги видите во продолжение се направени околу 1860 година.
Од нив поминува еден век пред фотографите да започнат на сличен начин да облекуваат специјални модели и да создаваат мизансцена, со цел сликата да има своја смисла и историја.
Жената на овие слики е грофицата Кастилионе – првата манекенка во светот. Нејзини се идеите за сите костуми и пози, а фотографот само ги запечатил за вечноста. Овие слики се толку невообичаени за своето време, па така во моментов се во сопственост на музејот Митрополитот како сведоштво за животот на една во секој поглед необична жена.
Вирџинија Олдони се раѓа на 22 март 1837 година во Фиренца, во семејството на Маркиз Олдони и Маркиз Лампореки. На 16 години прекрасната Вирџинија се омажила за грофот Кастилионе, на кого му родила син – Џорџ. Набрзо по свадбата грофицата му станала љубовница на Виктор Емануел II. За нејзината убавина се раскажувале легенди. Дури жените признавале дека младата грофица е убава како божица и ја нарекувале “статуа од плот”.
На 19-годишна возраст таа била испратена во Париз со политичка мисија – да го прелаже императорот Наполеон III и да го убеди да придонесе за обединување на Италија. Мисијата била успешна. На светот немало маж кој што можел да одолее на шармот на грофицата. Со жените таа не разговарала воопшто.
Грофицата Кастилионе колку што била убава, толку била и заљубена во себе, ексцентрична и дволична- регуларна актерка на поголемата секуларна сцена. Во средината на 19 век таа станала најголемиот приватен клиент на фотографот Пјер Луис Пиерсон. Нарцистичка и храбра, таа креирала цели претстави за фотографиите кои Пјер Луис ги правел – самата била режисер, стилист и модел.
За нас е тешко да процениме колку скандалозни се всушност овие слики. Во 19-ти век фотографијата била скапа, одземала време и била полна со цензура и стереотипи. Луѓето на фотографиите биле секогаш сериозни, гледале во објективот, за да се потенцира нивното достоинство и благонадеждност. Обично тоа биле старешини. Сликите во профил се правата на жените, за да ја покажат нивната нежност и романтичност. Овие пози можеле да ги разберат сите гледачи од таа ера. Сето останато било скандал. Така можеме да разбереме колку храбра била грофицата која се осмелила за позира во движење, легнала на грбот и дури – каков ужас! – Ги фотографирала нозете.
Староста била кошмарот на оваа прекрасна жена. Во нејзиниот стан на плоштадот Вандом во Париз сите огледала биле покриени со ткаенина, а таа чекорела со густ превез и излегувала од дома само ноќе. Насекаде низ нејзиниот дом имало нејзини фотографии, за да ја потсетуваат на минатата убавина. Вкупно по нејзината смрт останале над 400 фотографии.
Грофицата Кастилионе била пред своето време, бидејќи се обидувала на сликите да го покаже најдоброто од себе, да ги нагласи шармот и гламурот, да го излаже времето и да го задржи здивот. Всушност, зарем не се фотографираме од истите причини и до денес?