Оваа влада нема етнички легитимитет, не се почитува гласот на Албанците, смета Ахмети

„Ставот на ВМРО, не го оспоруваме, нивниот легитимитет. Ние го оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство и револт поврзано со нивната неправедна одлука во насока на непочитување на легитимитетот кој е постигнат од страна на ДУИ и Европскиот фронт. Заедно сме победиле на овие избори. Оваа Влада нема легитимитет, нема етнички легитимитет“, рече лидерот на ДУИ пред Генералниот совет на партијата

Оваа влада нема легитимитет, нема етнички легитимитет. Ќе направиме се да објасниме пред македонската и албанската јавност дека оваа држава има иднина и перспектива само почитувајќи ги слободниот глас на народот. Ова денеска го рече лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од Тетово на седницата на Генералниот совет на партијата, на која се разгледуваат актуелните политички случувања во државата.

Фото: Принтскрин

Ахмети ги повтори обвинувањата кон ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, во насока, како што рече дека не го почитувале легитимитетот на гласачите Албанци.

„Ставот на ВМРО, не го оспоруваме, нивниот легитимитет. Ние го оспоруваме и ќе го демонстрираме нашето незадоволство и револт поврзано со нивната неправедна одлука во насока на непочитување на легитимитетот кој е постигнат од страна на ДУИ и Европскиот фронт. Заедно сме победиле на овие избори. Оваа Влада нема легитимитет, нема етнички легитимитет“,

рече тој.

Според него, решенијата на Мицкоски не биле праведни и како што рече, државата нема издржани политики со соседите, како со Грците, така и со Бугарите.

„Ние сме биле многу отворени и искрени, промена на Уставот е неопходна, бидејќи сите граѓани добиваме од тоа во насока на забрзување на нашиот пат кон ЕУ. Секој застој во оваа насока ќе има превисока цена, како што сме ја платиле таа цена со грчката страна, може да платиме висока цена и со бугарска страна. Но, тука цената може да биде уште повисока, споредувајќи со таа од грчката страна“,

вели лидерот на ДУИ.

Бројот на граѓани со бугарско државјанство, како што рече расте секој ден.

Можно е пакетот за членство во ЕУ, ако ние не ги направиме неопходните чекори, тој пакет и да биде изменет, Албанија да ги отвори преговори за членство во ЕУ, а ние да останеме назад и Албанија да стане членка, а ние држава со два народа кои имаат две различни државјанства. Со бугарско и со албанско државјанство, затоа овие пресметки треба долго да се размислат пред да се зборува и да се делува“,

рече тој.

По завршување на седницата на Генералниот совет, од ДУИ посочија дека заклучоците преку соопштение ќе ги достават до јавноста.

- Реклама -